1. Продажбата на билети преку онлајн-системот на BILETI.MKC.MK го врши ЈУ Младински културен центар – Скопје.
2. Преку системот BILETI.MKC.MK се врши продажба на билети за настани што се одржуваат во салите на МКЦ и Кино Милениум, или други простори во кои се одржуваат настани организирани од ЈУ Младински културен центар.
3. За секоја извршена продажба преку овој систем, купувачот на својата е-адреса (e-mail), која е впишана при вршење на купувањето, добива електронски билети, што е единствениот доказ за целосно и правилно завршување на купувањето.
4. Електронскиот билет содржи листа на производи/билети на нарачката. Секој од тие производи има свој уникатен и единствен сериски број и баркод.
5. Еден билет важи за едно лице.
6. Верификација на исправноста на билетите се врши пред почеток на настанот на влезот, кој е одреден за таа намена од страна на организаторот на настанот.
7. Купувачот како доказ за поседување електронски билет потребно е на влезот да го приложи билетот за конкретниот настан. Истото може да го направи преку приложување отпечатен примерок од билетот или преку дирекно евидентирање од самиот мобилен уред преку кој може да го покаже баркодот од тој билет.
8. Доколку купувачот го отстапи својот билет (во печатена форма или преку препраќање на билетот на друго лице) за единствено важечки ќе се смета оној билет што прв ќе биде евидентиран и регистриран преку системот за контрола и евиденција на влезот на салата каде што се одржува настанот.
9. Откако еднаш единечниот билет ќе биде регистриран на влезот, секој следен билет со ист сериски број (копија од е-билетот) се регистрира како неважечки, ќе биде третиран како злоупотреба и нема да му биде дозволен влез на лицето во салата на одржување на настанот. Секојa злоупотреба е казнива по закон.
10. Платежни картички преку кои може да се изврши плаќањето на билетите е овозможено преку картичките VISA, Maestro и Mastercard.
11. Податоците што купувачот ги внесува при купувањето на нарачката, ЈУ Младински културен центар не ги чува во својот систем за онлајн-продажба на билети и истите се предмет на обработка само од центарот за процесирање на информации за електронски плаќања.
12. ЈУ Младински културен центар го задржува правото за откажување и измени во својата програма.
13. ЈУ Младински културен центар не врши поврат на средства или замена за друг производ/билет доколку истиот тој билет не е реализиран и евидентиран пред официјалниот почеток на настанот објавен од страна на организаторот.
14. Доколку купувачот задоцни и го приложи билетот по официјалниот термин објавен за почеток на настанот и настанот е веќе започнат, организаторот може да не дозволи влез на тоа лице во салата на одржување на настанот. Исто така, при секое доцнење, дури и да биде дозволен влез во салата, на лицето не му се гарантира дека билетот што е нумериран со место за седење (блок, ред и место) е сѐ уште слободно и истото може да биде веќе пополнето од друг посетител.
15. Доколку некој настан е откажан од страна на организаторот или истиот е преместен во друг термин, за секој билет купен преку билет-сервисот на МКЦ, купувачот може да побара поврат на средствата. Повратот ќе биде вршен исклучиво преку електронско банкарство, директно на сметката на купувачот, со претходно приложување доказ за купување (отпечатен билет, број на нарачка за потврда на трансакцијата).
16. Доколку некој настан е преместен во друг термин и за таа промена организаторот ја известил јавноста преку своите канали за информирање, купувачот може да го прифати заменскиот билет, или истиот да го откаже и да добие поврат на уплатените средства.
17. Онлајн-продажбата на билети преку системот на ЈУ Младински културен центар за секој настан завршува минимум 1 (еден) час пред официјалниот почеток на настанот, освен ако тоа не е поинаку утврдено од страна на организаторот.
18. За секакви проблеми и прашања поврзани со онлајн-продажбата преку нашиот сервис bileti.mkc.mk, ве молиме пишете ни на servis.online@mkc.mk. Нашите служби ќе се обидат да ви дадат соодветен одговор во разумно време..mk. Нашите служби ќе се обидат да ви го дадат правиот одговор во разумно време.