1. Направете избор на настан за кој сакате да купите билет. Тоа може да го сторите преку копчето покрај секој настан, кој директно ве води до делот за онлајн-продажба или преку внесување на линкот bileti.mkc.mk директно во вашиот веб-прелистувач.
2. Доколку салата на одржување е со нумерирани места за седење, одберете ги позициите за билети што сакате да ги купите.
Доколку салата на одржување не е со нумерирани седишта, во тој случај внесете ја количината на билети што сакате да ги купите.
3. Покрај првично избраниот настан, секогаш во вашата кошничка може да додадете и билети од листата на други настани, објавени на страната за продажба.
4. Внимавајте: процесот на купување билети, вклучувајќи го и времето на плаќање е ограничено на 20 (дваесет) минути. По истекот на ова време системот автоматски го поништува целиот ваш избор и доколку сакате да продолжите со купување ќе мора да започнете сѐ одново.
5. Штом ќе ја завршите вашата нарачка, притиснете КУПИ со што ќе преминете во делот во кој треба да ги внесете вашите податоци.
6. Ве молиме точно и целосно внесете ги вашите податоци.
Доколку некоја од овие барани информации не е точно наведена, можни се потешкотии во натамошната комуникација, како и потешкотии на нашите оператори квалитетно и навремено да одговорат на каков било проблем поврзан со процесот на купување на билетот.
7. По завршување и проверка на точноста на внесените податоци притиснете ПЛАТИ.
8. Системот автоматски ќе ве префрли во делот каде што треба да ги внесете податоците за вашата платежна картичка. По внесување притиснете ПОТВРДИ.
9. Системот ќе побара уште еднаш да ја проверите точноста на вашите податоци од платежната картичка. Доколку сѐ е во ред, притиснете ПОТВРДИ.
10. Ве молиме не го гасете прозорецот на вашиот веб-прелистувач додека не добиете потврда дека вашето плаќање е успешно завршено.
11. Штом ја добиете потврдата, може веднаш да го испечатите вашиот билет од нарачката.
12. Потврда за успешна трансакција на извршената нарачка ќе ја добиете на вашата е-адреса (e-mail).
13. Ве молиме задолжително да ја зачувате добиената е-порака (e-mail). Тоа е ВАШИОТ БИЛЕТ.